Мозочниот удар е причина број еден за инвалидитет во светот

//Мозочниот удар е причина број еден за инвалидитет во светот

Мозочниот удар е причина број еден за инвалидитет во светот

Според информациите на светската здравствена организација СЗО, годишно околу 15 милиони луѓе страдаат од мозочен удар, а 5 милиони од нив умираат завземајќи го второто место како причинител на смрт.

Мозочниот удар, инфаркт на мозокот или цереброваскуларен инцидент, претставува ненадејна смрт на мозочните клетки предизвикано од недоволен доток на крв и кислород во мозокот. Кислородот е есенцијален за одржување на нормална функција на мозокот и без него, клетките не можат да преживеат и умираат после неколку минути.

Мозок – Тело Спротивност (мозочен удар во лева хемисфера резултира со последици на десна страна од тело и обратно)

Ризик Фактори

Генетски предиспозиции (Непроменливи т.с неможеме да влијаеме)

  • Возраст над 55 години и секоја наредна декада го дуплира ризикот за мозочен удар
  • Веројатноста за добивање е повисока кај машкиот пол, но смртноста е повисока кај женскиот пол
  • Претходно доживеан мозочен удар го зголемува ризикот за 10 пати

Животен стил (Променливи)

Хипертензија, срцеви заболувања, покачено ниво на холестерол, дијабетес, пушачи, алкохоличари, покачена телесна тежина, физичка неактивност и стрес.

Постојат два видови на мозочен удар:

Исхемиски мозочен удар или церебрален инфаркт: 80% од мозочните удари се резултат на блокирање или редукција на протокот на крв во мозочните артерии. Тоа е предизвикано воглавно од згрутчување на крвта односно формиран тромб кој го блокира крвниот сад или од формирани плаки во крвниот сад најчесто поради покачено ниво на холестерол, што доведува до стеснување на крвните садови и губење на протокот на крв во нив.

Хеморагиски мозочен удар  припаѓаат 20% од мозочните удари, најчесто како рупутура- прскање на крвниот сад, што доведува до крварење во мозокот – 15% од мозочните удари или руптура на аневризма на крвниот сад што доведува до субарахноидално крварење – 5% од мозочните удари.

Кои се главните последици од Мозочниот удар?

Последиците главно варираат зависно од локацијата и тежината на мозочниот удар.

После мозочниот удар, клетките во областа на ударот се оштетуваат што доведува до нивно умирање или губиток на невроните. Пациентите често пати страдаат од губење на моторните активности, одземеност на екстремитетите, губење на сензорните активности, проблеми со говорот, проблеми со видот и губење на меморијата.

Нивото на опоравување варира од пациент до пациент во зависност од локацијата и тежината на ударот.

2018-07-01T20:09:27+00:00